Економија, финансии, бизнис

Контакт

Аријанит Хоџа поднесе оставка како министер за земјоделство: Загрозена е демократијата во државата

Аријанит Хоџа поднесе оставка како министер за земјоделство: Загрозена е демократијата во државата

Аријанит Хоџа од „Беса“ поднесе оставка на позицијата министер за земјоделство, шумарство и водостопанство. Ваквиот потег министерот го повлече откако неговата партија по локалните избори одлучи да оди во опозиција и да му се спротивстави на ДУИ.

- Како што и ветив минатата недела, поради нарушување на демократијата на чело на првиот вицепремиер на ДУИ, заради најсрамниот ден во историјата на оваа држава, поднесувам оставка заедно со двајца заменици-министри. Со ДУИ не можеме да бидеме партнери, после 5 години се докажа дека не само што не се реформирале, туку ги усовршиле своите методи како класичен режим.

Во Беса работиме по принципот на гордост и достоинство. Не ја сакаме власта по секоја цена, а додека бевме на власт покажавме дека можеме успешно да работиме. Од сега натаму тоа ќе го покажеме со нашите градоначалници во општина Тетово и општина Желино, рече Хоџа.

Неговата оставка следува еден ден откако опозицијата не успеа да и изгласа недоверба на Владата, а пратеникот на „Беса“, Кастриот Реџепи, замина во непознат правец и не гласаше во Собранието.


Слично

Поврзани вести