Економија, финансии, бизнис

Контакт

Арифи: Знам дека имало обраќање до повеќе инсистуции за зголемување на безбедноста

Арифи: Знам дека имало обраќање до повеќе инсистуции за зголемување на безбедноста

Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, имала сознанија дека тетовската болница од неколку институции побарала помош со ситуацијата со модуларната болница пред да избие катастрофалниот пожар кој однесе 14 животи, но не одговори од кои било побарано зголемување на мерките за безбедност.

Арифи, која денеска единствено од сите останати засегнати функционери даде некаква изјава по шпжарот во ковид-болницата, рече дека сепак за тоа треба новинарите да бараат одговори од самата болницата.

- Знам дека тие имале обраќање до повеќе институции за да се зголеми сигурноста, но за тоа ќе треба да ги прашате нив, рече Арифи по приемот на персоналот и преостанатите граѓани кои помогнаа во справувањето со последиците од пожарот.

Локалните власти денеска потврдија дека германските експерти се веќе дел од тимот кој треба да ги истражи причините за пожарот, но засега од Владата и Обвинителството немаат информации.

Според информациите на локално ниво, истрагата на терен е завршена, но има уште сослушувања и собирање на документи.


Слично

Поврзани вести