Економија, финансии, бизнис

Контакт

Арифи: Не може едно малцинство кое треба да ја напушти власта, да остане на власт

Арифи: Не може едно малцинство кое треба да ја напушти власта, да остане на власт

Не може едно малцинство кое треба да ја напушти власта, да остане на власт, изјави потпретседателката на ДУИ и градоначалничка на Тетово, Теута Арифи во емисијата „200“ на Алсат-М.

Никој да нема илузии дека блокадите на ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжат, смета таа. 

„Секое мнозинство кое е формирано како резултат на изборите, треба да ги формира институциите. Не смее да се дозволи преседан, и тоа не една земја која е кандидат за членство во Европската унија. Не може едно малцинство кое треба да ја напушти власта, да остане на власт затоа што, не знам, три-четири години ќе поминат во процедурална парламентарна дискусија.  И ние треба да дозволиме работите да течат како ништо да не се случило. Било кој што во оваа земја имал таква илузија, било кој потпомагал таква илузија или идеја, мислам дека сега му е јасно дека не може да биде така“ - вели таа. 

После изјавата која ја даде помошникот на државниот секретар на САД, мислам дека е добро тие илузии да се заборават еднаш и засекогаш, додава Арифи.

Слично

Поврзани вести