Економија, финансии, бизнис

Контакт

Арифи бара да се распишат локалните избори за интерес на граѓаните

Арифи бара да се распишат локалните избори за интерес на граѓаните

ДУИ како партија останува на ставот, Иванов да ја повлече одлуката за недоделување на мандат, и тоа е во линија на барања и на американскиот Стејт департмент и на Европската Унија, смета Теута Арифи.

– Иванов со одлуката да не го додели мандатот ја вовлече државата во институционална криза. Ние како ДУИ сме се однесувале со сериозна одговорност и кога сме пристапиле кон платформата и кон нејзините точки, кои како што реков и уште еднаш да потсетам, не се надвор од Уставот на Македонија ниту од тоа што значи Охридски рамковен договор – вели Арифи за Мета.

Арифи изјави дека ќе се најде и некое законско решение за распишување на локалните избори.

- Ова е проблем на сите политички партии. Ќе се бара некое законско решение, имајќи го предвид фактот дека општинските власти имаат директни ингеренции кои се однесуваат на граѓаните и на функционирање на градовите, така што мислам дека ќе се најде еден заеднички интерес, ако се одложуваат, да не се одложуваат многу, и се тоа да биде во рамки на законите – рече Арифи.


Слично

Поврзани вести