Економија, финансии, бизнис

Контакт

Архитектот Видоески: Камионот лесно ги пробил двете банкини пред несреќата

Архитектот Видоески: Камионот лесно ги пробил двете банкини пред несреќата

Тетовскиот архитект Бошко Видоески смета дека треба да се поведе истрага за тоа, како што вели тој, како толку лесно камионот ги пробил двете банкини кај скопската обиколница пред да удри во бмв-то во кое загинаа четири лица, од кои три беа млади момчиња.

„Ова е фотографија од пробиените банкине на скопската обиколница по вчерашната сообраќајка. Од сликата се гледа дека разделниот појас меѓу двата коловоза (нивните леви страни) бил ограден со „N2“ тип на банкина од двете страни, тип предвиден да задржи од целосен премин во спротивната насока само лесни возила.

Македонија го има имплементирано европскиот стандард EN 1317 за проектирање и изведба на путишта (МКС EN 1317-2:2012), и согласно него, левите страни на коловозите (двете страни на средишниот разделен појас) на автопати со висока фреквенција на сообраќај и товарни возила, задолжително е да бида оградени со минимум „H2“ тип, кој при прилагодена брзина би требало да задржи тешки камиони од целосен премин на другиот коловоз. Овде тоа не се десило, камионот лагано ги прегазил банкинете, што е видливо и од начинот на нивното корнење од сликата, и без значително намаљуење на брзината улетал у бемвето у другиот коловоз, што резултирало со пожар и четири жртви.

Во несреќата на „Дурмо Турс“ лагано беа пробиени три банкине, овде две“, тврди Видоески. Според тетовскиот архитект, овде има доволно материјал Обвинителството да иницира истрага за тендерот на Јавното претпријатие Државни патишта и проектирањето.

„Инфраструктурата во озбилна држава не смее да биде убиец. У најлош случај, судар би се десил, ама веројатно не со таква брзина за да се запали бемвето и инстантно да биде фатален за патниците“, додава тој.

Слично

Поврзани вести