Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Архитектоника“ ќе ќари уште 63,3 илјади евра од Владата за изградба на административна зграда

„Архитектоника“ ќе ќари уште 63,3 илјади евра од Владата за изградба на административна зграда
Изработката на Идеен и ревидиран Основен проект, проект за илуминација и проект за усогласеност - менаџер план за изградба на административен објект во кој треба да се сместат Државниот завод за ревизија, Геолошкиот завод на Република Македонија и на АД за стопанисување со станбен и деловен простор чини 63.317 евра. Објавениот договор на Електронскиот систем за јавни набавки покажува дека Владата го склучила договорот со трговско друштво за производство,трговија,инженеринг и градежништво Архитектоника ДООЕЛ Скопје, еден од двата понудувачи на огласот. Според објавата, договорот меѓу Владата и Архитектоника е со времетраење од 4 месеци. Архитектоника стои потпишана и зад идејното дело на архитектите Жарко Чаушевски и Филип Богатинов за барокната фасада на Владата, зделка вредна 3.300 евра, покажуваат податоците од Бирото за јавни набавки. Жарко Чаушевски, досега победи на неколку конкурси на Владата и Градот Скопје, како што се идејните решенија за зградата на ЕЛЕМ спроти хотелот „Бристол“, почивалиштето на македонската музичка ѕвезда Тодор Проески во Kрушево, како и за изготвувањето на основен проект со вклучена ревизија за реконструкција на фасади на постојни објекти во централно градско подрачје на градот Скопје на улиците „Македонија“ и “Димитрие Чупоски“. Пред четири месеци од Градот Скопје за Фактор објаснија дека токму со фирмата Архитектоника имаат склучено 12 (дванаесет) договори за исто толку објекти.
Слично

Поврзани вести