Архитектите бараат референдум: Дали на ГТЦ му треба барок?
Асоцијацијата на архитекти на Македонија ќе поднесе иницијатива до општина Центар да распише референдум и да ги праша граѓаните кои треба да се решат дали се за идејата за барок или за задржување на автентичниот изглед на Градскиот трговски центар (ГТЦ).
Архитектите велат дека во повеќе наврати апелирале да престане идејата за барокна фасада на трговскиот центар, но сите нивни обиди завршувале без успех.
„Ние не знаеме дали ГТЦ ќе се менува целосно или само ќе се промени фасадата.Жалосно е што зад тој проект стојат лица од Архитектонскиот факултети и ја поддржуваат ваквата идеја. Јас да бев автор, на толку објекти од Скопје 2014, како што е авторот на барокен ГТЦ гордо ќе зборував за своите проекти“, истакна претседателката на Асоцијација на архитекти на Македонија, Сања Ранѓеновиќ - Јовановиќ.
ААМ очекуваат Општина Центар во најбрз можен рок да ја изгласа одлуката за референдум, но и да се преиспитаат постојаните измени на Законот за градење кои одат во полза на проектот „Скопје 2014“.
Слично
