Економија, финансии, бизнис

Контакт

Архимандрит Партениј: Неоправдан е стравот дека МПЦ-ОА ќе стане потчинета црква

Архимандрит Партениј: Неоправдан е стравот дека МПЦ-ОА ќе стане потчинета црква

Бугарската православна црква-Бугарска патријаршија има многу поголемо црковно и историско право да ѝ биде Црква-Мајка на МПЦ-ОА, затоа што со неа не поврзува долгогодишна заедничка црковна историја, почнувајќи од Охридската архиепископија, а потоа и заедничката Егзархија, објаснува во интервју за МИА архимандрит Партениј, игумен на Светата Бигорска и Рајчичка обител.

Наведува дека „долгогодишната пропаганда и набивањето омраза против нашиот источен сосед, против нашиот братски бугарски народ, за жал, придонесе за сегашниве погрешни и злонамерни заклучоци дека, наводно, правиме страшен грев и предавство што побаравме друга Црква-Мајка наместо Српската.

„И во самиот Устав на денешната БПЦ-БП постојат цврсти основи таа да биде Црква-Мајка на Охридската архиепископија, како и да го бара нејзиното признавање од Цариградската, т.е. Константинополската патријаршија. Зашто, Цариградската патријаршија се нарекува Црква-Мајка скоро на сите православни Цркви и накрај добивањето на Томос доаѓа секогаш од неа“- вели отец Партениј.

Тој смета дека е неоправдан стравот дека МПЦ-ОА ќе стане потчинета црква. Посочува дека напротив со добивањето на автокефален црковен статус МПЦ и БПЦ-БП ќе станат две рамноправни сестрински цркви. 

Слично

Поврзани вести