Економија, финансии, бизнис

Контакт

Археолошки музеј на Македонија ги отвора вратите за посетители по повеќе од четири месеци

Археолошки музеј на Македонија ги отвора вратите за посетители по повеќе од четири месеци

По повеќе од четири месеци пауза, од утре Археолошкиот музеј на Македонија повторно започнува со работа, односно ги отвора вратиуте за своите посетители, откако на 11 март по итна препорака на Министерството за здравство беше затворен за гостите.

„Археолошкиот музеј од утре, вторник, 21.07.2020, ги отвoра своите врати за посетителите согласно препораките и новиот протокол за посета на музеј. Носењето маска е задолжително во текот на целата посета. Задолжително дезинфицирање на рацете пред влегување во музејот. Одржување дистанца од 1,5 до 2 метри пред билетара, како и во поставката. Препорачуваме бесконтактно плаќање со картичка. Забрането допирање на изложените експонати“, соопштија од музејот.

Од таму упатуваат голема благодарност до амбасадорот на Руската Федерација, Сергеј Баздникин и тимот на амбасадата на Руската Федерација во Северна Македонија, за донацијата на бесконтактен апарат за дезинфекција на раце, поставен на самиот влез на музејот, со кој на посетителите им се овозможува уште побезбедна посета во постојаната поставка.


Слично

Поврзани вести