Економија, финансии, бизнис

Контакт

Арбр Адеми се излечи од короната, подготвен е за одлука за учебната година

Арбр Адеми се излечи од короната, подготвен е за одлука за учебната година

Министерот за образование, Арбер Адеми соопшти дека се излечил од ковид-19.

„Конечно заврши предизвикот со kovid-19! По две негативни последователни тестирања, се враќам на активностите и многуте работи што се пред нас! Сакам да упатам порака до сите вас да бидете внимателни, да носите маски и да држите растојание. Благодарам од срце за изразената грижа, со вас ми беше многу полесно“, вели Адеми.

Адеми се зарази со коронавирус пред три недели.

Претставници на Министерството за образование и наука заедно со Комисијата за заразни болести денеска треба да донесат одлука како ќе почне учебната година од стартот на септември. 

Слично

Поврзани вести