Економија, финансии, бизнис

Контакт

Арбер Адеми за запалениот автомобил: Ваквите постапки на кукавицата не треба да нè плашат

Арбер Адеми за запалениот автомобил: Ваквите постапки на кукавицата не треба да нè плашат

Пратеникот oд ДУИ, Арбер Адеми на својот Фејсбук профил излезе со став околу опожарениот автомобил на вицепремиерот Артан Груби.

Според него, веста за обидот за напад врз Груби ја примил со доза на загриженост.

„Ги повикувам сите надлежни органи да преземат соодветни активности за целосно расчистување на овој случај и да ги изведат пред лицето на правдата и авторите и нарачателите на овој чин. Изразете поддршка за првиот вицепремиер, и охрабрете го да не отстапува и без разлика да продолжи со својата работа во служба на граѓаните. Ваквите постапки на кукавицата не треба да нè одбиваат ниту да нè плашат. Напротив, нè зајакнуваат и не прават порешителни кон нашите обврски“, пишува Адеми.

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, вели дека Аудито кое е запалено е на неговиот колега првиот вицепремиер Артан Груби. Како реакција на палањето на автомобилот, Османи на својот приватен Фејсбук профил напиша дека е револтиран.

Истражните органи сега треба да утврдат кој е вистинскиот сопственик на Аудито и дали вицепремиерот Груби криел имот со тоа што го впишал на туѓо име.

Вицепремиерот Артан Груби претходно се огласи на Фејсбук во врска со опожареното возило. Toj се извинува за непријатната случка.

Полицијата во официјалното соопштение информираше дека возилото е во сопственост на лицето Б.Л. 

Слично

Поврзани вести