Економија, финансии, бизнис

Контакт

Арбен Таравари избран за редовен професор на УКИМ

Арбен Таравари избран за редовен професор на УКИМ

Генералниот секретар на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, е избран за редовен професор по Неврологија на Медицинскиот факултет на универзитетот „Св.Кирил и Методиј“.

Ова го потврди УКИМ во универзитетскиот билтен. Инаку Таравари е специјалист-невролог.

Гостиварскиот градоначалник, кој има долгогодишно искуство на Универзитетската клиника за неврологија, досега имаше звање вонреден професор.

„Врз основа на целокупната доставена документација и личното познавање на кандидатот, Рецензентската комисија позитивно ја вреднува и ја оценува наставнообразовната, научноистражувачката и стручно-применувачката дејност, како и дејноста од поширок интерес на вонр. проф. д-р Арбен Таравари. 

Врз основа на изнесените податоци за севкупната активност на кандидатот од изборот во претходното звање до денес, Комисијата заклучи дека вонр. проф. д-р Арбен Таравари поседува научни и стручни квалитети и според Законот за високото образование и Правилникот за посебните услови и постапката за избор во наставно-научни, научни, наставно-стручни и соработнички звања и демонстратори на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, ги исполнува сите услови да биде избран во звањето редовен професор во наставно-научната област неврологија“, се вели во рефератот во универзитетскиот билтен.

Поранешниот министер за здравство најави повлекување од функцијата генерален секретар на Алијанса за Албанците.


Слично

Поврзани вести