Арбен Аголи: Персоналот е позитивен, дебарската амбуланта во карантин
Лекарот од Дебар, Арбен Аголи кој пред неколку дена на својот профил на Фејсбук објави фотографија со своите колешки кои во рацете држат порака на македонски и на албански јазик: „Ние сме на работа, вие седете дома”, сега објави нова информација.
Тој вели дека и медицинскиот персонал во амбулантата во Дебар е позитивен на коронавирус и дека ќе бидат две недели во карантин.
Дебар и Центар Жупа 30 дена ќе бидат во кризна состојба.
Во земјава заразени со коронавирус се 26 луѓе.

Слично
