Арапите имаат кец во ракавот-лукав план за САД
Цените на нафтата падаа повеќе од десет отсто од 25 мај, кога ОПЕК, Русија и другите нафташи договорија продолжување на рокот за намалување на производството.
Причината за овој нов пад е порастот на сурови залихи во САД - нешто што Саудиска Арабија сака и изгледа може да го промени.
Ова кралство богато со нафта има голема рафинерија во Америка, а за да манипулира со бројки Арабија би можела да го намали извозот во Америка.
„Мислам дека нивниот следен план на напад е да се откажат од извоз, така да можат привидно да прикажат пад во извештајот“, рекол Џон Килдуф, аналитичар.
„И тоа ќе го направат така што ќе изгледа дека залихите навистина се намалуваат“, додал тој.
Според неговите зборови, од осум милиони барели дневно во САД, дури милион се од Саудијците.
„Саудијците го разбираат значењето на промени во САД, ја следат состојбата и сигнализираат дека ќе се намалат испораките во САД“, рекла Хелим Крофт, исто така аналитичар во тој сектор.
Мегународната енергетска заедница чие седиште е во Париз соопшти во својот месечен извештај дека очекува дека производството во земјите кои не се членки на ОПЕК, како што се САД, да порасне за 700 000 барели дневно оваа година. Таа организација предвидува дека производството ќе расте уште побрзо следната година за 1,5 милиони барели дневно, што е незначајно повеќе од очекуваниот раст на глобална побарувачка.
Организацијата наведува дека нејзината прва прогноза за 2018 е многу загрижувачка за произведувачи кои планираат да го ограничат производството.
