Економија, финансии, бизнис

Контакт

Арафат Муареми: Огласот за финансиските полицајци е поради реформите

Арафат Муареми: Огласот за финансиските полицајци е поради реформите

Арафат Муареми, директорот на Управата за финансиска полиција, вели дека огласот со кој се бараат дури 27 нови финансиски полицајци е поради промената на целата систематизација, поради што оваа служба ќе треба да се доекипира со човечки ресурси.

Ваквиот оглас следствено се должи на реформите во правосудството и делот на Оперативно-техничката агенција, одговорил Муареми на прашањето на „Телма“.

Станува збор за оглас преку кој на неопределено време се бараат инспектори, раководители, советници и други профили за плата од 23 до 47 илјади денари.

Во моментов во Управата за финансиска полиција има 45 вработени.



Слично

Поврзани вести