АРАФАТ МУАРЕМИ ИМ СЕ ЗАБЛАГОДАРИ НА ВРАБОТЕИТЕ - Управата за финансиска полиција стана полнолетна
Денеска е 26 јуни, Ден на Управата за финансиска полиција!, која прослави 18 години од своето постоење.
Нејзиниот прв човек, Арафат Муареми, на фејсбук се пофали со роденденот на неговата институција, потенцирајќи дека таа ги штити интересите на граѓаните.
„Денес Управата за финансиска полиција бележи 18 години од своето формирање.
Со гордост можеме да кажеме дека Управата за финансиска полиција е современа, транспарентна, стручно и професионално оспособена и меѓународно афирмирана институција која работи на заштита на финансиските интереси на Република Северна Македонија.
Сакам да им се заблагодарам на сите вработени за вложениот труд, исклучителната посветеност и професионализам во своето работење, на сите наши соработници и на сите граѓани за укажаната доверба.
Управата за финансиска полиција продолжува да работи транспарентно и во интерес на сите граѓани на Република Северна Македонија“, напиша Муареми на својот фејсбук профил.
Слично
