Арачиново се пофали: Зголемена наплата на данок!
Општина Арачиново се пофали дека со доаѓањето на новиот градоначалник Ридван Ибраими е зголемена наплатата на локалниот данок и годинава таа досега изнесува околу 100.000 евра. Од таму велат дека фразата „арачиновци не плаќаат данок“ веќе е минато.
„Општина Арачиново од вкупно 2675 регистрирани домаќинства успеала да инкасира над 6 милиони денари по основ на локални даноци, што во споредба со 2022 е 422% раст.“, информира локалната самоуправа.
Ова градоначалникот Ибраими го презентирал на вчерашен настан во организација на УСАИД, а на презентацијата Арачиново било место посочено камко „успешна приказна“.

Арачиново, според соопштението на општината, бележи и значително голем раст и во активната транспарентност.
„На крајот од денешната презентација како што рече и самиот Градоначалник Ридван Ибраими, Арачиново не е веќе ,,црна овца" туку денес добиваме пофалби и веќе се мериме со многу по големи Општини и финансиски по јаки од нас, но нашето домаќинско работење денес ги бележи првите позитивни резултати, благодарение на помошта и соработката со многубројни меѓународни организации а посебно со УСАИД која во секој момент покажува спремност да ни помогне“, пишува во информацијата.
