Арачиновецот носел петарди, но и напишал заканувачко писмо
Мажот од Арачиново Е.И.(57) што вчера се закануваше пред судот при изрекувањето на пресудата на обвинетите во случајот „Диво насеље“, дека ќе активира експлозив, со себе носел петарди.
Тој во 13.30 часот на бул. „Крсте Мисирков“, во близина на Врховен Суд е приведен. Полициски службеници го однеле во Полициска станица Центар. Арачиновецот е приведен затоа што кај него се пронајдени прачки што наликуваат на експлозивна направа. По вештачењето констатирано е дека се работи за пиротехнички средства (петарди), а исто така утврдено е, со графолошко вештачење, дека тој е автор на анонимно писмо со заканувачка содржина.
По целосно документирање на случајот, против Е.И. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Слично
