Економија, финансии, бизнис

Контакт

Арачиновец загина во несреќа

Арачиновец загина во несреќа

Во тешка сообраќајна незгода на влезот од Арачиново крај Скопје, едно лице загина по судир на трактор со автомобил.

Инцидентот се случил околу 20 часот синоќа, додека полицијата информира дека работи на целосно расветлување на случајот.

„На локалниот пат од Ченто до Арачиново, се случила сообраќајна незгода помеѓу трактор управуван од С.С. (1959) од село Арачиново и автомобил „голф“ управуван од М.М (1993) од село Арачиново. Во незгодата повредено е лицето со иницијали С.С и е испратено во ургентниот центар „Мајка Тереза“ каде лекарот ја констатирал смртта “- велат од МВР.


Слично

Поврзани вести