Арачиновец со петарди и пиштол се обидувал да стапи во контакт со девојка
Момче со петарди и пиштол се обидувало да привлече девојка.
Жителка од скопско село на возраст од 19 години пријавила дека во неколку наврати Ш.К. (20) од Арачиново неуспешно се обидувал да воспостави контакт со неа.
На 16 јуни на пракинг во близина на трговски центар на подрачјето на Бит Пазар, тој физички ја нападнал девојката. Тие се познавале од претходно. Потоа на 22 јуни околу 22 часот пријавениот фрлил пиротехнички материјал во дворот од нејзината куќа, а на 23 јуни околу 20 часот Ш.К. испукал двапати од пиштол пред нејзината куќа и го напуштил местото на настанот. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Слично
