Економија, финансии, бизнис

Контакт

Арачиновец е човекот кој беше уапсен пред суд - носел ли експлозив со себе?

Арачиновец е човекот кој беше уапсен пред суд - носел ли експлозив со себе?

И.И.(57) од скопско Арачиново денеска е уапсен пред Врховниот суд за време на изрекувањето на пресудите за обвинетите во случајот Диво насеље во скопскиот Кривичен суд, информираа од МВР.

Тој околу појасот имал четири прачки кои личеле на експлозивна направа.

Прачките ќе бидат предадени на вештачење за да се утврди за што точно се работи. 

Од полицијата потврдија дека лицето е во полициска станица „Беко“ и со него се разговара. 

Слично

Поврзани вести