Економија, финансии, бизнис

Контакт

Арачиновци на протест против дигитални струјомери

Арачиновци на протест против дигитални струјомери
Неколку часа жителите на Арачиново денеска го блокираа сообраќајот во селото, во знак на протест против аквијата на ЕВН за поставување дигитални струјомери во оваа општина. Тие велат дека не можат да ги платат сметките за струја, бидејќи не им се решени основните егзистенцијални прашања - немаат работа и средства. Арачиновци се уверени дека дигиталните струјомери ќе ја олеснат можноста ЕВН да им ја исклучува струјата за неплатен долг. Од компанијата објаснуваат дека со инвестиција од 850 илјади евра се прават напори да се подобри дистрибутивната мрежа во Арачиново. Жителите на општината најавија дека в петок ќе излезат на нов протест. ФОТО: МРТ
Слично

Поврзани вести