Aquaporin филтрација на вода – технологија која доби Нобелова награда
Кога американскиот нефролог Питер Агре доби Нобелова награда за хемија во 2003 година за големото откритие поврзано со водените канали на протениот аквапурин во живите клетки, никој не можеше да претпостави дека денес многу луѓе ќе ја користат таа технологија од природата за пречистувањена вода во нивните домовите и работни простории.
Нобеловецот Агре докажа дека протеинските канали на аквапуринот ја овозможуваат најзначајната функција на живите клетки во организмите, а тоа е брз проток на водата од и кон клетките, пречистена од сите штетни материи. Таа способност на клетките им ја даваат аквапуринските мембрани, откритие на Агре кое направи вистинска револуција во медицината.

Водејќи се од желбата да ги искористи придобивките на науката за доброто на целото општество, данската компанија Aquaporin конструираше најсовремена технологија за пречистување водабазирана на откритието на Агре. Оваа технологија во пречистувачите Aquaporin, наменети и за употреба во домашни услови, овозможува од славините да тече чиста, здрава и вкусна вода за пиење, пречистена од бигор, пестициди, вируси, бактерии и од сите други штетни материи благодарение на аквапуринските мембрани кои ја прочистуваат водата исто како и во природата. Тие не дозволуваат ниту една штетна честичка да помине низ нив, исто како што прават и мембраните на клетките во организмот.
За среќа, не треба да одите до Данска за да ги набавите технолошки најсовремените пречистувачи Aquaporin. Тие може да се набават и во Македонија, преку стратешкиот партнер на данската компанија, македонската компанија „Ецотип“, која нуди два типа Aquaporin прочистувачи– ONE и ZERO.
Пречистувачот ZERO е исклучително лесен за користење во домашни услови бидејќи може да се смести под мијалникот и да се поврзе на постојниот водоводен систем, без да има потреба од приклучок за електрична енергија. Со него од славините се добива пречистена вода за пиење со совршен вкус. Пречистувачот ONEовозможува највисоки перформанси при пречистување и искористување на водата од чешма, со исклучително брз проток од 1,75 литри пречистена вода во минута дури и при низок притисок. Со ваков проток може да наполните голема чаша вода за помалку од 7 секунди. Брзиот проток придонесува ONEда троши само 35% од водата што влегува во него, за разлика од другите пречистувачи кои трошат од 50 до 75%, со што го намалува количеството на отпадна вода, а со тоа и трошоците.
Перформансите на пречистувачите ONEи ZERO ќе ги најдете на следниот линк, а лично може да се уверите во нивната ефикасност во концепт-продавницата на „Ецотип“ на ул. Орце Николов бр. 202/3-1 во Скопје.
ПР објава
