Апсолутни шампиони без ниту еден дефект: Еве ги најквалитетните автомобили со поминати до 100.000 километри
Листа на најквалитетни автомобили по 100.000 километри: Еве кои модели се покажаа најиздржливи
Вистинската слика за квалитетот на еден автомобил се гледа дури по повеќе од 100.000 изминати километри, сметаат од Ауто Билд, кои традиционално спроведуваат долгорочни тестирања на возила.
Автомобилите во тестот се возат во сите услови – од градски гужви до автопати, на дожд, снег и високи температури. Крајната оценка не се базира само на техничките параметри, туку и на реалната издржливост, квалитетот на изработка и однесувањето во секојдневна употреба.
Најдобар резултат постигнал моделот Ауди А3 Спортбек г-трон, кој уште во 2017 година го завршил тестот без ниту еден проблем. Во текот на 100.000 километри не бил забележан ниту еден дефект, а ниту деталната анализа по расклопување не открила недостатоци.
Сличен успех постигнал и БМВ М3, кој во 2023 година исто така поминал без никакви проблеми, со минимално абење и врвна завршна обработка.
Меѓу најиздржливите се вбројуваат и Ауди А4 Авант и Ауди А6 Авант. Кај А6 бил забележан само повремен проблем со сензорот за паркирање, додека остатокот од возилото останал во одлична состојба и по над 110.000 километри. Исто така, БМВ З4 не побарал ниту една непланирана посета на сервис во текот на тестирањето.
Одлични резултати покажале и попристапни автомобили. Сеат Атека се покажал како речиси беспрекорен, Фолксваген Т-Крос го завршил тестот без дефекти со минимални траги од корозија, додека БМВ 320д Туринг и Мазда ЦХ-5 се докажале како сигурни и издржливи.
Меѓу најпријатните изненадувања се најде и Сузуки Свифт Спорт, кој го поминал тестот без проблеми во возењето, а единствена забелешка биле почетни траги на корозија откриени при деталната анализа.
Листата на најдобрите модели ја сочинуваат:
-
Ауди А3 Спортбек г-трон
-
БМВ М3
-
Ауди А4 Авант ТФСИ ултра
-
Ауди А6 Авант 40 ТДИ
-
БМВ З4 sDrive 30i
-
Сеат Атека 1.4 Eco TSI Style
-
ВВ Т-Крос 1.0 TSI
-
БМВ 320д Туринг
-
Мазда ЦХ-5 Skyactiv-D 184 AWD
-
Сузуки Свифт Спорт 1.4 Boosterjet
Заклучокот од тестот е дека издржливоста и квалитетот не зависат исклучиво од цената, туку и од инженерските решенија и изработката, при што одредени модели успеваат да поминат 100.000 километри без сериозни дефекти.
