Економија, финансии, бизнис

Контакт

Apple машина за пари - Ги „шие“ 100-те најголеми компании во светот

Apple машина за пари - Ги „шие“ 100-те најголеми компании во светот

Последните две години се златен период за големите корпорации, особено за технолошките компании. Приходите се зголемуваат, профитот расте, а пазарната капитализација достигна рекордни нивоа. За да се илустрира големината на 100-те најголеми компании во светот, Visual Capitalist ги претставил во поедноставена форма - балони кои укажуваат на големината на приходите (надворешни кругче) и профит (внатрешното кругче).

Јасно се гледа дека американскиот технолошки гигант е машина за пари. Може да не е најголемата компанија за приходи, но нејзиниот профит е импресивен. Во 2016 година компанијата има заработено чисто 45 милијарди долари, што е повеќе од приходите на гиганти како Coca-Cola ($ 41.5 милијарди) или Facebook ($ 27.6 милијарди.). Apple има импресивни 21% профитна маргина, која е во пати над просекот на другите.

Всушност, само огромните кинески банки како ICBC, Agricultural Bank of Chin или China Construction Bank се доближуваат до профитот на американската технолошка компанија.


Слично

Поврзани вести