Економија, финансии, бизнис

Контакт

Апостолоски: Трет ден МВР молчи за нападот на Рекорд

Апостолоски: Трет ден МВР молчи за нападот на Рекорд

Данијел Апостолоски од ВМРО-ДПМНЕ вели дека разочарувачки е што за раководството на СДСМ во Министерството за внатрешни работи поприоритетно е да го заштити угледот на некој партиски насилник, отколку да излезе со информација за напаѓачот кој среде бел ден, во центарот на Скопје, избоде 17 годишно момче. 

Со несанкционирањето на криминалците,  СДСМ се промовира во нивен сојузник, вели тој. 

„Трет ден како МВР молчи за нападот на автобуската станица Рекорд, а момчето сè уште се наоѓа во болница и неговиот живот е загрозен. МВР ниту има откриено сторител, а уште помалку го има изведено пред лицето на правдата. УМС и ВМРО-ДПМНЕ повикуваат органите задолжени за безбедноста на граѓаните, а раководени од СДСМ, да почнат да ја работат работата за која се платени и да го разрешат овој и другите случаи каде што граѓаните се загрозени“- вели Апостолоски. 

Тој додаде дека имаше неколку убиства кои не се расчистени, а секој ден црната хроника е полна со кражби, разбојништва, насилство. 

Слично

Поврзани вести