Економија, финансии, бизнис

Контакт

Апостол Симовски: Тие што повикуваа на бојкот ќе сфатат дека згрешиле

Апостол Симовски: Тие што повикуваа на бојкот ќе сфатат дека згрешиле

Апостол Симовски, директорот на Државниот завод за статистика, на денешната презентација на резултатите од пописот на населението како еден од факторите за 132.260-мина кои не се попишале, а тоа се 7,2 отсто граѓани, ги посочи оние кои отворено повикуваа на бојкот.

- Да не беа црните кампањите дека работиме надвор од стандардните на ЕУ, дека веќе претходно се сме договориле, ќе беше многу помала оваа бројка. Ќе сфатат тие што ја злоупотребија кампањата, дека згрешиле. Мое мислење е дека никој не треба да биде казнет што не се попишал. Не знаеме дали поради отворен бојкот не се попишале, изјави Симовски.

Тој додаде и дека во периодот на попис голем број граѓани биле и на годишни одмори.

- Плажите беа полни во тој период, особено по една година во која никој не можеше да оди на одмор, наведе првиот човек на ДЗС.

Симовски додаде дека постојат и други фактори кои ја диктирале оваа бројка.

- Луѓето беа по нивите, доаѓаа по 20.00 часот, тешко се наоѓаа. Имавме ковид, исплашени луѓе имаше од евентуално ширење на болеста иако ги превземавме сите мерки, додаде тој.




Слично

Поврзани вести