АПОКАЛИПТИЧНИ СНИМКИ ОД ОКОЛИНАТА НА ПЕХЧЕВО: апел за вклучување доброволци, но строго се забранува самоиницијативно гаснење
Нов повик за вклучување на доброволци во гаснење на пожарите во околината на Пехчево беше објавен на фејсбук страниците на овој град.
- Почитувани граѓани пожарите во Пехчево се сеуште активни!
Сите доброволци за гасење на пожарот во Пехчево на ден 01.08.2024 (четврток) во 05:00часот да бидат на зборно место плоштад свети Петар и Павле со сеебе да понесат лопати!
НАЈСТРОГО СЕ ЗАБРАНУВА САМОИНИЦИЈАТИВНО ОДЕЊЕ ДА СЕ ГАСИ ПОЖАРОТ
Пунктот за донирање на храна и вода е во просториите на Домот на културата во Пехчево и истиот е отворен 24часа - стои во објавата:
На истата фејсбук страна објавено е и видео од состојбите во селата кои беа зафатени од пожарите.
Фото: Принтскрин/Фејсбук
Слично
