Економија, финансии, бизнис

Контакт

Аплауз за Златибор Лончар, се бара оставка од Филипче

Аплауз за Златибор Лончар, се бара оставка од Филипче

Луѓето кои денеска протестираа пред Министерото за здравство, со аплауз го поздравија српскиот министер за здравство, Златибор Лончар, затоа што Србија донираше 50.000 вакцини за нашата земја. 

За нашиот министер за здравство, Венко Филипче рекоа дека е министер за провизии. Нагласија дека на секој еден час вчера починувале по двајца луѓе. Очекуваат дека и денес ќе има висока бројка на починати. Велат дека во соседството земји извезуваат вакцини, а ние немаме да го вакцинираме населението. Ги обвинија властите дека поради нивната неодговорност, Македонија коленичи за вакцини.  Најавен е нов протест за идната сабота, иако постои ризик затоа што сме во време на пандемија. Со едноминутно молчење им беше оддадена почит на луѓето кои починаа од коронавирусот. Во земјата досега од коронавирусот починаа 3.860 луѓе. 

Слично

Поврзани вести