Економија, финансии, бизнис

Контакт

Апелацискиот суд во Штип ја зголеми казната за момчето што ја прегази Верица од 15 на 30 месеци

Апелацискиот суд во Штип ја зголеми казната за момчето што ја прегази Верица од 15 на 30 месеци

Две години и шест месеци затвор доби момчето што лани во април ја прегази и усмрти 20-годишната Верица Белчовска, на пешачкиот премин во центарот на Струмица.

Односно, апелацискиот суд во Штип ја зголемил казната затвор од 15 - на 30 месеци на И.Ч. (18) од Струмица.

Како што е познато, во јули годинава Основниот суд во Струмица на момчето му изрече пресуда од 15 месеци за сообраќајната несреќа. Таа се случи на 7 април годинава на булеварот „Ленинова" во Струмица, при што момчето кое возело автомобил „нисан“ удрило во Верица, која преминувала на пешачки премин. Возачот избегал од местото на несреќата, а подоцна, истиот ден, сам се пријавил во полициска станица.

Пресудата на Апелацискиот суд ја соопшти адвокатката на семејството Белчовски преку писмена изјава за медиумите.

По загинувањето на Верица, семејството ги донираше нејзините органи, кои спасија три животи.

Слично

Поврзани вести