Економија, финансии, бизнис

Контакт

Апелациониот суд добива нов в.д. претседател

Апелациониот суд добива нов в.д. претседател

Апелационата судијка  Лидија Димчевска, со 31 година судиски стаж, назначена е за  вршител на должност претседател на Апелациониот суд Скопје. Судскиот совет денеска со 13 гласа „за“ и еден „против“ ја избра сѐ до новиот избор на претседател на овој второстепен суд. Досегашната претседателка Лилјана Шопова заминува в пензија.

Судскиот совет иако денеска  требаше  да избере шеф на овој суд, откако официјално актуелната претседателка Шопова отиде во пензија, Советот одлучи дека вонредно ќе ги оценува пријавените кандидати бидејќи оценувањето врз кое се базираше изборот е од 2015 и 2016 година. Сега дополнително кандидатите ќе бидат тестирани вонредно за Советот да добиел вистинска слика за кандидатите.

На конкурсот за шеф на Апелација има четири кандидати од скопска Единица. Токму тие беа причината за вонредно оценување со објаснување на дел од членовите на Судскиот совет дека можеби нивните оценки се нереални со оглед на злоупотребите во Кривичниот суд во тој период или рачната распределба на случаи и манипулацијата со АКМИС системот.

Слично

Поврзани вести