Економија, финансии, бизнис

Контакт

Апелационен суд не ја прифати жалбата на Спиро Ристовски

Апелационен суд не ја прифати жалбата на Спиро Ристовски


Спиро Ристовски, поранешниот министер за образование, останува во истражниот затвор во Шутка откако Апелациониот суд ја отфрли неговата жалба и го потврди решението на Кривичниот суд за продолжување на мерката притвор, потврдија од апелација за Телма.
Тој е осомничен како еден од организаторите на крвавите настани во Собранието на 27

април а  
минатата недела на јавна седница бараше од судиите да му го укинат

притворот и ги уверуваше дека нема да бега, ниту би влијаел на сведоци затоа што е

уверен дека ќе ја докаже невиноста.
Истрагата е завршена и на потег е обвинителството за организиран криминал, кое треба да одлучи дали Ристовски заедно со Никола Груевски, Никола Бошковски, Трајко Велјановски и Миле Јанакиески ќе добие обвинение.

Слично

Поврзани вести