Економија, финансии, бизнис

Контакт

Апелационен суд излезе со соопштение зошто ја укинал пресудата за Мијалков: Била неразбирлива

Апелационен суд излезе со соопштение зошто ја укинал пресудата за Мијалков: Била неразбирлива

Заради големиот интерес на јавноста, советот на Апелациониот суд Скопје, информира дека првостепената пресуда за поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков била укината и вратена на повторно судење затоа, како што велат од таму, била неразбирлива.

„Имено, внимајќи по службена должност советот на Апелациониот суд Скопје утврди дека постои неусогласеност меѓу изречената пресуда и она што е наведено во нејзиниот писмено изготвен примерок, односно во изворникот на пресудата нема опис на противправните дејствија за секој од обвинетите. Ова особено што писмено изработената пресуда мора во целост да одговора на изреката што е внесена во записникот и затоа објавувањето на пресудата треба да биде јасно и прецизно односно јавно објавената изрека од пресудата треба да ги содржи сите потребни елементи од член 408 од ЗКП. Ваквата суштествена повреда е од апсолутен каратер и ја прави пресудата нејасна, неразбирлива и неподобна за понатамошно испитување“, се вели во образложението на Апелација.

Од Апелациониот суд Скопје велат дека фактите кои што ги земал за утврдени првостепениот суд, а по однос на дејствијата на извршување на обвинетите, не соодветствуваат со доказите изведени на главната расправа пред првостепениот суд, по однос на наодите и мислењета на вештите лица на Јавниот обвинител и одбраната, како во делот на дејствијата по однос на следењето на комуникациите, така и по однос на вредноста на уништената опрема.

„Иако Судот по службена должност внимава на роковите за застареност на кривичното гонење, со оглед на причините поради кои е донесена одлуката, не се впушти во мериторно одлучување по однос на застаресност на дел од кривичните дела, која всушност и не настапила пред овој суд. Покрај наведените, советот утврди и други процесни повреди, за што овој суд детално образложение на сите причините ќе даде во писмено изготвената одлука, со соодветни напатствија до првостепениот суд“, се посочува во соопштението од Апелационен суд Скопје.


Слично

Поврзани вести