Економија, финансии, бизнис

Контакт

АПЕЛАЦИЈА ПОТВРДИ: Пале Иловска останува на слобода

АПЕЛАЦИЈА ПОТВРДИ: Пале Иловска останува на слобода

Потврдена e слободата на велешанката Пале Иловска, која го усмрти насилниот партнер додека ја давел.

Скопскиот Апелационен суд ја потврди ослободителната пресуда. Младата велешанка  со нож го усмрти нејзиниот насилен партнер, полицаец од Велес. Иловска беше обвинета за кривично дело убиство во миг. Иако обвинителството поднесе жалба и бараше Илиовска да биде казнета, сепак, Апелација ја потврди пресудата донесена од судијката Габриела Гајдова. Илиовска е целосно ослободена од вина, а пресудата е конечна.  Од ДНК под ноктите на покојниот полицаец, се утврдило дека тој навистина ја давел. Гајдова го оправда ослободувањето на Иловска со тоа што таа се бранела од насилниот партнер.  Граѓаните потпишуваа петиција за ослободување на Иловска. 

Слично

Поврзани вести