Економија, финансии, бизнис

Контакт

Апелација „остави“ без пасоши уште седумина обвинети во Титаник

Апелација „остави“ без пасоши уште седумина обвинети во Титаник

Апелациониот суд донесе одлука седум обвинети во предметот „Титаник“ покренат од СЈО да останат без пасоши и редовно да се јавуваат на проверка 

Апелациониот суд ги потврди првостепените одлуки да им бидат одземени патните исправи на Коста Митровски, Леко Ристовски, Станко Коруновски и Далибор Алешковиќ порано членови на општински изборни комисии.

Истата одлука важи и за Киро Тодоровски, шеф на поранешната министерка за внатрешни Гордана Јанкуловска и Мунир Пепиќ, обвинет дека посредувал за вадење на личните карти на граѓани од Пустец. Најдоцна до утре се очекува скопскиот Апелациски суд да ги објави и одлуките по жалбите на СЈО за неопределениот притвор на екс премиерот и лидер на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски, поранешните министри Гордана Јанкуловска и Миле Јанакиевски како и поранешните владини секретари Мартин Протоѓер и Кирил Божиновски.

Сите петмина се обвинети во предметот Титаник за злосторничко здружување, злоупотреба на пари во изборната кампања и повреда на избирачкото право.


Слично

Поврзани вести