Апелација одлучува за шестгодишната затворска казна на Јанкулоска
Апелациониот суд денеска ќе одлучува по жалбата на поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска за случајот „Тенк“ за тоа дали ќе и ја намали првостепената шестгодишна затворска казна
На Јанкулоска и се судеше одвоено откако се породи, а станува збор за местење на спецификациите од тендерот за „мерцедесот“ во вредност од 600.000 евра и за самата негова намена.
За истото дело на првообвинетиот Ѓоко Поповски му се уважи жалбата и казната му беше намалена на четири и пол години затвор, додека второбвинетиот Никола Груевски доби две години, но пред нејзиното одлежување пребега во Унгарија, каде што доби азил.
Слично
