АПЕЛАЦИЈА ОДЛУЧИ: Камчев и Панделески заминуваат во домашен притвор
Апелациониот суд одлучи Орце Камчев и неговиот соработник Цветан Панделески, директор на ЗК Пелагонија, да одат во домашен притвор.
Денеска или најдоцна утре тие ќе бидат пуштени од Истражниот затвор Шутка.
За останатите осомничени за случајот „Империја“, соработникот на Камчев- Ненад Јосифовиќ, директорот на „Ексико“ – Тодор Мирчевски и за Зорица Арсовска – сметководител во фирмите на Камчев Апелациониот суд засега нема донесено одлука по предлогот на Специјалното јавно обвинителство кое побара поблаги мерки за обезбедување.
За Сашо Мијалков, кој е исто така осомничен во случајот „Империја“ на СЈО, се очекува дека СЈО исто така ќе побара поблага мерка односно куќен притвор. За тоа треба да одлучува Кривичниот суд.
Камчев, Панделески, Јосифовиќ, Арсовска и Мирчевски се во притвор од 10 ноември. За „Империја“ осомничени се 13 лица за оштетување или повластување на доверители, злоупотреба на службената положба и овластување, измама и перење пари.
