АПЕЛАЦИЈА ОДЛУЧИ: Две години затвор за сообраќајката кај Млечен
Апелација ја преиначи пресудата за сообраќајката кај „Млечен“.
Апелацискиот суд во Скопје ја преиначил пресудата за сообраќајката кај „Млечниот ресторан“ во Скопје која се случила во октомври 2018 година и наместо условна казна одлучи виновникот да добие две години затвор и две години забрана за управување возило. Информацијата на социјалните мрежи ја потврди сопругата на Гоце Димитриевски, Наташа, која во сообраќајката го загоби сопугот и нивното неродено дета. Таа пак, се здоби со тешка телесна повреда.
„Бескрајна благодарност до сите, правда за Гоце, правда за мене, правда за нас. Апелациониот суд Скопје ја преиначи казната за сообраќајната незгода кај Млечен и одлучил Васил да оди 2 години во затвор и 2 години да не управува пмв, затоа што ми го одзеде најмилото“, напиша Наташа.

Ваквата информација вечерва во гостувањето на ТВ 24 ја објави министерот за правда, Бојан Маричиќ, потенцирајќи дека информацијата треба да се потврди и официјално.
Лани во Скопје имаше мото протест против неказнивоста за сторителите на тешки дела во сообраќајот.
