Економија, финансии, бизнис

Контакт

АПЕЛАЦИЈА НА ПОТЕГ: Ќе ја потврди ли судот затворската казна за Груевски на неговиот роденден?

АПЕЛАЦИЈА НА ПОТЕГ: Ќе ја потврди ли судот затворската казна за Груевски на неговиот роденден?

На денешен ден во 1970 година е роден екс премиерот и лидер на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски.

Токму на оваа дата на која ќе наполни 48 години се очекува Апелациониот суд да ја потцрди или отфрли затворската казна за Груевски кој за предметот „Тенк“ на СЈО.

За набавката на луксузниот „мерцедес“ вреден безмалку 600.000 евра тој доби двегодишна затворска казна.

Седницата е закажана за денеска а причина за вчерашното одложување беше отсуството на Груевски и неговите четворица адвокати кои мораа да приствуваат на рочиштето во Кривичниот суд Скопје за предметот на СЈО „Насилство во Центар“, во кое Груевски, исто така, е обвинет.

Дали денешната одлука ќе му ја расипе роденденската журка на Груевски и ќе ја потврди одлуката останува да слушнеме по исходот од денешната јавна расправа.

Слично

Поврзани вести