Апелација ја заврши расправата за затворот на Груевски-кои се неговите адути?
Додека пресудата за затворската казна на екс премиерот Никола Груевски се префрла од апелација во кривичен суд тој бара укинување на пресудата поради како што посочува застареност на делото за предметот „Тенк“.
По првостепената пресуда за „Тенк“ поднесени се шест жалби, четири од адвокатите на Груевски, една лично од Груевски и една од Ѓоко Поповски.
Осудениот Ѓоко Поповски пред судечкиот совет кажал дека не е криминалец и не ја злоупотребил службената положба и не знае како се злоупотребува службена положба.
Во жалбата на Груевски е наведено дека во февруари 2018 година настапила застареност на кривичното дело, поради телефонскиот разговор што го направил Груевски на 26.02.2012 година. Во неа се посочува дека пресудата е нејасна и противречна поради што се бара укинување на пресудата од првостепениот суд.
Адвокатот на Ѓоко Поповски, Стерјо Зиков вели дека пресудата има бројни недостатоци, пред се суштествени повреди во постапката, а направени се и големи повреди во Кривичниот законик.
Груевски и неговите адвокати не дојдоа денеска на суд, образложувајќи дека се спречени да дојдат бидејќи се ангажирани на другите предмети во Кривичниот суд.
