Апелација ја укина првата затворска казна за функционерот кој засега минува најтешко кај СЈО
Ѓоко Поповски, поранешниот заменик-министер на МВР, е префрлен од затвор во притвор откако Апелациониот суд му ја укина првостепената казна затвор од девет години за фамозната набавка на 300 возила за македонската полиција во предметот „Триста“ и случајот го врати на повторно судење.
Во моментов Поповски важи за човек кој досега намногу „плати“ во сите случаи што ги отвори Специјалното јавно обвинителство, бидејќи освен затворската казна од девет години за набавка на полициски возила, му тежи иста санкција од четири и пол години за случајот „Тенк“ со набавката на мерцедесот од 600.000 евра.
Останува да се види дали ќе му биде намалена и оваа затворска казна, бидејќи на Поповски веќе доби „олеснување“ од две години помалку за предметот „Тенк“ на СЈО.
Одлуката за затвор од девет години како првостепена беше донесена во мај. На тендерот за купување на 300 возила имало поевтина понуда, ама додека траел сменети бил критериумите па наместо најповолниот понудувач избрани биле други пет фирми. Ова е противзаконски, а Поповски знаел, но се однесувал недомаќински. Покрај тоа, тој треба да плати и штета од 450.000 евра.
