Економија, финансии, бизнис

Контакт

Апелација ја укина пресудата за Лидија Димова, не треба да враќа ниту 370.000 евра

Апелација ја укина пресудата за Лидија Димова, не треба да враќа ниту 370.000 евра

Апелацискиот суд ја укина пресудата со која Лидија Димова, поранешната директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност беше осудена на двегодишна казна затвор за злоупотреба на службената положба и предметот го врати на повторно судење.

Според сознанијата, укинат е и делот со кој Димова требаше да врати 370 илјади евра кон Националната агенција.

Апелација посочува дека во првостепената пресуда не било јасно за кои дејствија Димова се огласува за виновна, а за кои дејствија се ослободува од обвинение.

Според Судот, пресудата е нејасна и неразбирлива зашто од една страна Димова се осудува за „злоупотреба на службената положба“ а од друга страна се ослободува за „измама на штета на средства на Европската заедница“ без да се каже за кои дејства од второто дело се ослободува.

На Димова ѝ се става на товар дека од 2018 до 2020 година како директорка на Агенцијата што раководи со „Еразмус+“ програмата, со намера за друг да прибави значителна имотна корист ангажирала надворешни соработници, експерти и обучувачи без јавен конкурс. Исто така, ѝ се става на товар дека незаконски го спровела преселувањето и реновирањето на Националната агенција во нови простории, како и дека одобрувала исплата на дневници за патувања во странство.


Слично

Поврзани вести