АПЕЛАЦИЈА ЈА СМЕНИ КАЗНАТА: Васил Јованов доби 3 години и 10 месеци затвор за претходно дело
Васил Јованов доби 3 години и 10 месеци затвор. Апелација уште во средата му ја сменила казната со која беше испратен во поправен дом и одлучила за трговија дрога тој да одлежи 46 месеци во затвор. Одлуката на сајтот на судот е објавена денеска.
„Апелациониот суд Скопје во интерес на јавноста и медиумите информира дека постапувајќи по кривичниот предмет KЖ- 1047/24, на нејавна седница одржана на ден 05.02.2025 година, ја одби како неоснована жалбата на обвинетиот В.Ј. од С., а жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје ја уважи“, стои во соопштението на скопска Апелација.
Тој ја прегази Фросина Кулакова на Партизанска на 29 јануари.
Слично
