АПЕЛАЦИЈА ЈА ПРИФАТИ ЖАЛБАТА НА БОКИ 13, РЕМЕНСКИ Е ОСЛОБОДЕНА: Еве ги деталите
Апелација ја укина пресудата за „Меѓународен сојуз“. Уважени се жалбите на Бојан Јовановски алијас Боки 13 и татко му Миле Јовановски, Јасна Ерцеговиќ Мандиќ и за Христина Блажевска – кои се првостепено осудени, а апелационите судии ја потврдија ослободителната пресуда за екс-пратеничката на СДСМ, Фросина Ременски.
Истовремено, Апелациониот суд Скопје, со решение ги уважи жалбите и на правното лице „Меѓународен сојуз“ кој Кривичниот суд го задолжи да плати еден милион денари.
Апелација одлучи да ја потврди ослободителната пресуда за експратеничката и потпретседател на СДСМ, Фросина Ташевска-Ременски која беше обвинета за помагање во делото измама. Судот пресуди дека обвинителството за неа не успеало да го докаже делото по кое таа се товареше.
Слично
