АПЕЛАЦИЈА ЈА ПРИФАТИ ЖАЛБАТА: На 16 јуни Миле Јанакиески ќе биде на слобода
За повеќе од два месеци, екс министерот Миле Јанакиески ќе биде на слобода. Апелација ја прифатил жалбата на Миле Јанакиески и одлучи да излезе од затвор на 16 јуни 2024 година.
„Согласно донесеното решение, одлуката за условен отпуст е преиначена и условниот отпуст за осудениот Миле Јанакиески наместо, како што гласеше првичната одлука, да започне на 16.01.2025 година, ќе започне на 17.06.2024 година, но под услов до истекот на условниот отпуст обвинетиот да не стори ново кривично дело“, стои во решението на Апелациониот суд Скопје.
Судот ја прифатил жалбата и на екс директорот на УБК, Сашо Мијалков кој издржува казна во струшкиот затвор. Тој по признанието вина е осуден на три години затвор во предметот „Империја“. Случајот сега се враќа на повторно постапување и одлучување пред првостепениот суд, па се очекува Кривичниот суд да постапи по насоките од повисокиот суд и да го ослободи Мијалков, кој исполнува услов за предвремен отпуст.
