АПЕЛАЦИЈА ГО УКИНА РЕШЕНИЕТО НА КРИВИЧЕН: Дали амнестијата ќе важи за организаторите на 27 април?
Апелација го укина решението на Кривичниот суд дека амнестијата не важи за организаторите на 27 април.
Скопска апелација го укина решението на Кривичен, кој одлучи дека амнестијата не важи за обвинетите организатори на настаните од 27-ми април, дознава Телма. Ова значи дека судијата кој го води овој судски процес, сега треба повторно да одлучува и да се произнесе.
„Апелациониот суд донесе процесно решение, откако процени дека првостепениот суд не посветил доволно внимание, односно не водел постапка за кривично-правен акт на која ќе ги изведе доказите против обвинетите, туку ценел дали тие подлежат на Законот за амнестија или не. Во прилог на ставот на Алелациониот суд Скопје е и фактот дека вишиот јавен обвинител, бара преиначување на нивните жалби, а во насока на прифаќање на жалбите на четворицата обвинети“, потенцираа од Апелација.
Тие најавија дека одлуката ќе биде во целост достапна за јавноста.
