Апелација го потврди притворот, ќе се трага по бизнисменот Сеад Кочан
Апелациониот суд на денешната седница донесе одлука со која го потврдува притворот како мерка на претпазливост која претходно ја донесе Кривичниот суд во првостепена постапка.
Претходната одлука за притвор на Кривичниот совет на Основниот суд Скопје, беше определна по три основи, а сега со решението на Апелација се определува само по една - поради опасност од бегство.
Сеад Кочан откако ја напушти земјата преку неговиот адвокат тврдеше дека е на бизнис патување во странство и дека одредениот притвор е неисправно донесен.Сепак, Апелација најде правен основ и сега треба Сеад Кочан да биде спроведен пред властите, па повторно ќе се активира меѓународната потерница доколку тој самиот не се пријави во судот. Денес имаше и протести на вработени од неговите фирми кои сметаат дека се врши политички прогон против него.
Слично
