Економија, финансии, бизнис

Контакт

Апелација ги укинала пресудите за Сашо Мијалков и Мендух Тачи?

Апелација ги укинала пресудите за Сашо Мијалков и Мендух Тачи?


Апелациониот суд Скопје ги укинал пресудите за „Титаник2“ на поранешното Специјално јавно обвинителство против Сашо Мијалков, Мендух Тачи, Бедредин Ибраими и тројца поранешни членови на Државната изборна комисија од ВМРО-ДПМНЕ за заговарање на прегласување на локалните избори во Струмица.

Според информации на СДК, пресудите биле укинати и предметот е вратен на повторно судење по насоки на Апелациониот суд поради „суштествени повреди на постапката од страна на Основниот кривичен суд“. 

Од Апелациониот суд засега велат само дека одлуката е донесена, но не е напишана, а е предвидено да се објави пред Нова година. Судскиот процес кој го водеше судијата Огнен Ставрев, а во судечкиот совет беше и судијата Осман Шабани, е вратен на повторно судење.

Поранешниот директор на УБК Мијалков ппрвостепено е осуден на три години затвор, а лидерот на ДПА Тачи на 3 години и 2 месеца во предметот. Ибраими како поранешен претседател на ДИК доби казна затвор од 4 години и 6 месеци, Влатко Сајковски 3 години, Сашо Срцев доби 3 години и Елизабета Стефановска, исто така, 3 години затвор.

Според обвинението, Мијалков нарачал преку Тачи насоки до Ибраими да се гласа за поништување на регуларно гласање во избирачко место во Струмица.


Слично

Поврзани вести