Aпелација ги потврди доживотните казни за Палчо, Велибор Манев, Видевски и Кешишев, а таткото на Вања оди на повторно судење
Aпелација ги потврди доживотните затворски казни за Љупчо Палевски-Палчо, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев, осудени за грабнувањето и убиствата на Вања Ѓорчевска од Скопје и Панче Жежовски од Велес.
Апелациониот суд во Скопје ја укина ослободителната пресуда за Александар Ѓорчевски, таткото на убиената Вања Ѓорчевска, и предметот го врати на повторно судење. Апелација ја укина неговата ослободителна пресуда и наложи предметот повторно да се разгледува пред Основниот кривичен суд.
Ѓорчевски беше обвинет дека им помагал на сторителите со тоа што им давал информации за времето кога неговата ќерка излегувала на училиште. Во текот на целата судска постапка тој ги негираше ваквите обвинувања, а првостепениот суд го ослободи од вина.
Слично
