Апелација ги одби осудените за „27 април“, нема да има повторно судење
Осудените за насилството при упадот во Собранието на 27 април 2017 година останаа и без последната надеж дека ќе се повтори судењето, откако Апелациониот суд донесе одлука со која барањето не им се прифаќа, објави „Фокус“.
„Жалбата е неоснована. Судиот го ценеше жабениот наод за сторена суштествена повреда на одредбите на кривичната постапка од член 415 ст.1 т.11 од ЗКП, меѓутоа истиот не го прифати како основан, со оглед да образложеноро решението не содржи такви недсостатоци поради кои што не би можело да биде испитано во однос на неговата правилност и законитост, изреката на решението е јасна и разбирлива, а во образложението се содржани доволно причини за решителните факти и заземени правни ставови на судот“, се вели во одлуката на Апелација.
Одлуката е потврда на решението на Кривичниот суд од декември.
